Хотелот Rachoni Bay припаѓа на хотелскиот комплекс Rachoni Resort, кој се наоѓа на една од најубавите локации на Тасос, во одморалиштето Скала Рахони, на 12 км од Лименас, главниот град на Тасос.
Тој е еден од најпознатите и најпродаваните хотели на Тасос во категоријата хотел со 3*.
Плажа:
Хотелот е изграден на прекрасна песочна плажа со природна сенка и во близина на познатата плажа Пахис (2км од хотелот).
Содржина:
Рецепција, ресторан, a la carte ресторан, барови, базен, лежалки и чадори на плажа бесплатно за гостите на хотелот, билијард (се доплаќа), детско игралиште, детски базен, паркинг, дозволена е посета со миленичиња, пинг-понг, WiFi на јавни површини на хотелот и во собите.
Сместување:
Сите соби имаат бања со фен, мал фрижидер, ТВ, клима, тераса/балкон и WiFi. Постелнината се менува два пати за време на престојот, пешкирите се менуваат три пати во текот на престојот. Сите сместувачки единици се двокреветни (француски кревет или два единечни кревети), а останатите легла се помошни (на расклопување).
Услуга:
Полупансион - појадок и вечера на база на шведска маса. Доплата за All Inclusive е 14 еур за возрасни и 7 еур за деца до 13 години.