Хотелот Philoxenia се наоѓа на самиот почеток на полуостровот Ситонија, на околу 200 m од центарот на Псакуди. Хотелскиот комплекс од бунгалови е опкружен со борова шума и прекрасно уредена градина и се состои од 11 идентични двокатни згради.
Плажа:
Хотелот се наоѓа на околу 150 метри од песочната и камчеста плажа до која се спушта по скали или по патека низ шума. Обезбедени се лежалки и чадори на плажа со доплата на лице место.
Содржина:
Хотелот има 24-часовна рецепција, лоби, ресторан, снек бар, базен, детски базен, игралиште за деца, Wi-Fi интернет достапен во околината на базенот, ТВ и паркинг. Со доплата: сеф на рецепција, изнајмување автомобил, изнајмување велосипеди, билијард, пикадо, пинг-понг и спортови на вода (во близина на хотелот).
Сместување:
Хотелот располага со вкупно 155 комфорни соби. Сите сместувачки единици се опремени со телефон, клима, мал фрижидер, фен, САТ/ТВ, бања со када/туш кабина и фен за коса. Сите соби се двокреветни – со француски кревет или 2 единечни кревети, додека дополнителните кревети се помошни (на расклопување).
Услуга:
Полупансион - појадок и вечера на база на шведска маса. Доплата за All Inclusive е 36 еур за возрасни и 18 еур за деца од 2 до 11,99 години.