social image

Alexander Hotel 3*

Сицилија со Катанија

Поаѓање од Белград, со редовни авионски линии на Air Serbia.
 
Локација:
Мал семеен хотел во срцето на областа Реканати, во Џардини Наксос. Хотелот Alexsander 3* нуди можност за пријатен и активен одмор. Се наоѓа на мирна улица во близина на центарот. Од плажата е оддалечен околу 250 м. Подеднакво е далеку од многубројните ресторани, барови, продавници за сувенири, како и автобуската станица, од каде на секои половина час можете да одите до Таормина или Катанија. Хотелот е реновиран во 2018 година.
 
Содржина:
Гостите имаат на располагање: рецепција, надворешен базен со тераса за сончање, лежалки на базен, бар, ресторан, приватен паркинг лоциран на 30м од хотелот, WIFI на јавните површини на хотелот.
 
Сместување: 
Хотелот располага со 29 соби. Стандардните соби се околу 20м2, комплетно реновирани, со балкон и поглед на градот и планината Етна. Тие вклучуваат: клима, сателитска ТВ, фен, сеф, WIFI, бања со туш, балкон.

Собите се двокреветни (имаат брачен кревет или 2 посебни кревети), додека сите останати кревети во собата се помошни (за дете до 12 години или трет возрасен).

Еднокреветна соба е исклучиво за 1 лице, 1 стандарден кревет.

На лице место е достапно креветче за бебиња со доплата од 8 евра на ден.
 
Услуга:
Услугата во хотелот е на база ноќевање со појадок - шведска маса.
 
ХОТЕЛИ СИЦИЛИЈА:

Ценовници

Галерија