Хотелот Alexandros Beach е лоциран на атинската ривиера. Се наоѓа во населбата Анависос, на 25 км од центарот на Глифада, која се смета за една од најпрестижните крајбрежни населби на Атина. Глифада е монденско одморалиште, полно со живот и ноќе и дење, а на брегот има многу кафулиња, барови, дискотеки и таверни.
Градот Анависос е добро поврзан со Атина и Глифада со локални автобуски линии.
Плажа:
Хотелот Alexandros Beach се наоѓа на прекрасна песочна и камчеста плажа до која се стигнува со подземен премин, а лежалките и чадорите се бесплатни за гостите на хотелот. Овој дел од брегот секојдневно го посетуваат многу Атињани кои доаѓаат тука за да се восхитуваат на прекрасното зајдисонце.
Содржина:
Хотелот располага со рецепција, надворешен базен и бар покрај базен, бар на плажа, ресторан, Wi-Fi интернет (достапен на јавни површини и во собите) и паркинг. Барот покрај базенот често организира дневна и вечерна забава со преубав поглед на егејското зајдисонце.
Сместување:
Стандардни соби со поглед на море, наменети за сместување на две до три возрасни лица или двајца возрасни и две деца (второто дете дели кревет со родителите).
Сите соби се двокреветни и имаат француски кревет или два единечни кревети, плус помошен кревет.
Услуга:
Полупансион - оброците се служат на база на шведска маса (појадок) и сет мени за вечера или шведска маса (во зависност од бројот на гости за вечера).