Сицилија со Катанија
Поаѓање од Белград, со редовни авионски линии на Air Serbia.
Локација:
Хотелот Албатрос беше целосно реновиран во 2019 година. Се наоѓа на исклучителна локација, во Летојани. Од центарот на Таормина е на околу 7 километри, додека од аеродромот во Катанија е на околу 65 километри. Во близина на хотелот има станица за јавен превоз, чии автобуси сообраќаат до околните градови и одморалишта. Само тивка улица го дели од приватниот дел на плажата.
Содржина:
Рецепција, главен ресторан, бар, wi-fi во лобито, простор за складирање багаж, интернет катче, лифт, лоби, мал базен.
Сместување:
Хотелот располага со 77 модерно опремени соби кои вклучуваат: бања со туш кабина или када, клима, SAT/TV, телефон, фен и фрижидер, сеф, WI-FI. Нудиме три типа на сместување:
- Соби со делумен поглед на море
- Соби со поглед на улица
- Стандардни соби со балкон
Собите се двокреветни (имаат брачен кревет или 2 посебни кревети), додека сите останати кревети во собата се помошни (за дете до 12 години или трет возрасен). Во стандардна соба и соба со делумен поглед на море дозволено е сместување за најмногу 2 лица, додека во соба со поглед на улица максималниот капацитет е до 3 лица.
Услуга:
Полупансион – појадок шветска маса, вечера мени со избор од 2-3 јадења