social image

Acacia Resort

Сицилија со Палермо

Поаѓање од Белград, со редовни авионски линии на Air Serbia.
 
Локација:
Хотелот Acacia Resort се наоѓа во одморалиштето Кампофеличе Ди Рочела, на 200 метри од плажа. Оддалечен е 18 км од живописниот град Кефалу и 55 км од Палермо. Хотелот е многу елегантен и модерен, украсен со прекрасни градини со бујна медитеранска вегетација.
 
Содржина:
Хотелот располага со: ресторан, пијано бар, базен и бар покрај базен, мини голф, тениско игралиште, пинг понг, билијард, игралиште за одбојка на плажа, фитнес центар, мини клуб за деца, игралиште за деца, анимација, спа и велнес центар со хидромасажен базен, турска бања, сауна и соби за масажа (се доплаќа), простор за складирање багаж, бесплатен паркинг, шатл-автобус до градот Кефалу (се доплаќа). Лежалките и чадорите на приватната плажа се бесплатни за гостите на хотелот. 
 
Сместување: 
Има вкупно 242 соби. Сите соби во хотелот имаат клима, LCD телевизор, WiFi конекција, мини бар со доплата, телефон, сеф (со доплата од 2 евра на ден), бања, фен, балкон. На лице место може да се изнајми креветче за бебе со доплата од 15 евра на ден.

Нашата понуда вклучува супериорни соби лоцирани во главната зграда. Големини на соби 14 - 20м2 (за 2-4 лица). Собите се двокреветни (имаат брачен кревет или 2 посебни кревети), додека сите останати кревети во собата се помошни (за дете до 12 години или трет возрасен).

Еднокреветна соба е исклучиво за 1 лице, 1 стандарден кревет. Максималниот капацитет во супериор собите е двајца возрасни и две деца до 12 години или 3 возрасни и 1 дете до 12 години.


Услуга:
Ноќевање со појадок или полупансион – на база на шведска маса.
 
ХОТЕЛИ СИЦИЛИЈА:

Ценовници

Галерија